Австриски пожарникар е повреден во пожарите во беровско

Австриски пожарникар е повреден при гаснењето на огнената стихија во Малешевијата. Станува збор за 53-годишен пожарникар кој од почетокот на минатата недела учествувал во гаснешето на огнената стихија во источниот дел од државава.

Пожарникарот има скршен пршлен, но е стабилна состојба. Хоспитализиран е на Клиниката за трауматологија во Скопје.

Пожарникарите од Австрија се придружувани и од два лекарски тима, коишто веднаш му укажале помош на повредениот, по што му била пружена помош и од македонските лекари.