Австриски „Стандард“: Конфликт во врска со распределбата на пари на ЕУ и владеење на правото на Балканот

Според внатрешен документ, Европската комисија сака да интервенира во извештај на Судот на ревизори на ЕУ. Тука се дава преглед на извршените исплати во врска со проекти за владеење на правото

Во последните 15 години, Европската комисија потроши многу пари за да промовира владеење на правото во шесте земји во Југоисточна Европа кои не се членки на ЕУ. Се инвестираше во инфраструктура, но и во политички проекти, меѓу кои и процесот за ревизија на судии и обвинители во Албанија. Корумпираните членови на правосудството беа разрешени.

Реформите се најуспешни во Северна Македонија бидејќи тамошната влада демонстрира политичка волја за тоа. Инаку, правосудните одлуки во шесте земји најчесто се поткопани од политички или приватни интереси и од пополнувањето на функции. Токму затоа Европскиот суд на ревизори моментално прави ревизија за да покаже во кои области ЕУ успеала во подобрување на владеење на правото, а во кои не.

Критика од независните научници

Иако процесот е во тек, Судот на ревизори веќе има испратено првичен извештај до Генералниот директорат за преговори за проширување, на чело со унгарецот Оливер Вархејли. Но, доколку ги прочитате забелешките испратени од Европската комисија, ќе видите дека независните научници кои биле консултирани од Судот на ревизори за проценка не гледаат со наклоност.

Во писмото пишува: „Комисијата не треба да дава директни коментари за работата на независните научници. Но, Комисијата би сакала да знае зошто токму овие конкретни автори/цитати биле одбрани и да се има предвид дека проценките не се во согласност со тие на Комисијата.“

Се добива впечаток дека независните научници на Европската комисија се премногу критични. Пред се, сомнително е дека Европската комисија сака да утврди кои експерти ќе ги употреби Судот на ревизори на ЕУ со оглед на тоа дека Судот на ревизори е независно тело.

Регионот стана поавторитарен

Подетално, Европската комисија ја отфрли анализата на научниците, во која се наведува дека повеќето влади во регионот станале поавторитарни во последните десет години. Во овој контекст, интересно е што Вархејли беше испратен од влада, поточно од унгарската влада, која во последните години стана понедемократска и авторитарна и која го поткопува владеење на правото.

Унгарија е многу влијателна во Југоисточна Европа и владата има блиски контакти со авторитарни политичари меѓу кои српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Словенија Јанез Јанша, кој е десничарски популист. Унгарскиот премиер Виктор Орбан исто така му одобри азил на Никола Груевски, поранешниот македонски десничарски премиер, кој беше осуден за злоупотреба на службена должност откако избега од државата за да ја избегне затворската казна.

Според Комисијата, критиката е недоразбирање

Во првиот прелиминарен извештај, Судот на ревизори исто така го критикува фактот дека „помалку важност се придава на граѓанското општество, во политички дијалог како и во финансиска помош“ во сферата на владеење на правото во шесте земји во Југоисточна Европа кои не се членки на ЕУ.

Но, Комисијата не сака да го остави тоа така. Тоа е недоразбирање и параграфот треба да се реформулира, е нејзиното барање. „Односите на Комисијата со организации од граѓанското општество не се исти со односите на Комисијата со националните администрации,“ Комисијата вели наведувајќи го ова како причина. Процесот на пристапување се спроведува со владата. “Согласно тоа, главните односи на ЕУ се со владите.“

Без коментар

Оваа изјава е прилично интересна во врска со фактот дека унгарската влада има преземено чекори против граѓански организации во минатото. Кога „Стандард“ праша во врска со забелешките на Комисијата, таа само нагласи дека процесот на анализа на Судот на ревизори е се уште во тек. „Како и секогаш, одговорите на Комисијата ќе бидат вклучени во извештајот на Судот на ревизори,“ изјави без да навлезе во детали.

Ако ги читате првичните коментари на Комисијата – конечниот извештај на Судот на ревизори се очекува да биде објавен до крајот на годината – очигледно е дека Комисијата го „омекнува“ вордингот на Судот на ревизори на ЕУ кога се оценува владеење на правото во Србија. На пример, кога Судот на ревизори пишува за „негативен извештај“ во параграф 65, Комисијата предлага да се „тргне зборот негативен од првата реченица“.

Има друг пример во параграф 132, каде Судот на ревизори вели: „И покрај позитивниот развој на настаните опишан погоре, во кои што ЕУ имаше улога, Комисијата дава прилично неповолна слика за статусот на владеење на правото во Србија. Комисијата со одговор: „Бидејќи параграфот се однесува на извештајот на самата Комисија, препорачуваме да се користат точни цитати наместо изразот ‘неповолна слика’“.

Доверлив документ, не е извештај

Согласно параграф 133, Комисијата предлага промена на вордингот на Судот на ревизори, „политичко влијание во правосудството е долготраен и сериозен проблем“ во „се уште има голем притисок врз правосудтсвото.“ На барање на „Стандард“ во врска со писмото од Судот на ревизори на ЕУ и Европската комисија, Судот исто така истакнува дека конечниот извештај ќе биде објавен дури на крајот на годината. „За време на процесот на ревизија, документите не се јавни,“ изјави Судот.

Писмото до „Стандард“ е „доверлив документ во кој има прелиминарни наоди и кои може да подлежат на дополнителна анализа врз основа на, меѓу другото, одговорите на Комисијата.“ Што значи, тоа не е конечниот став на Судот на ревизори.

Без упатство за „клаузата за суспензија“

Како и да е, дискусијата помеѓу Судот на ревизори и Комисијата е корисна, на пример кога станува збор за таканаречената „клауза за суспензија“. Ова е во врска со можен прекин на преговорите за пристапување во случај на сериозно и долготрајно нарушување на фундаменталните вредности на

ЕУ во сферата на слобода, демократија, почитување на човекови права и фундаментални слободи и владеење на правото. Ревизорите не најдоа упатсво за тоа кога и како клаузата треба да биде применета, вели Судот во врска со Србија на пример.

Комисијата не се согласува. „Комисијата е со став дека моментално има балансирани целокупни односи помеѓу прогрес во владеење на правото и нормализација од една страна и прогресс во преговорите со поглавја од друга страна.“ Поконкретно, тоа е во врска со дијалогот меѓу Србија и Косово, кој е неактивен со години и каде нема напредок. Но, Комисијата е очигледно во дилема: доколку утврди јасно дека немало напредок во сферата на владеење на правото во Србија и дека треба да ги суспендира преговорите, тогаш е веројатно дека ќе наиде на отпор во Белград во врска со дијалогот со Косово. Затоа, очигледно е да продолжи така како и да е.

Загриженоста на Бугарија

Има интересна забелешка на Европската комисија за Северна Македонија во параграф 175. „Ве молам наведете го привременото име на ‘Поранешната југословенска република Македонија’.“ Ова е барањето на Комисијата до Судот на ревизори иако Северна Македонија е членка и призната од ОН и прашањето за името е одамна решено. „Усвојувањето на преговарачката рамка, за која се дискутира во Советот, е одложена поради билатерален спор и загриженост од страна на Бугарија“, вели во објаснувањето Комисијата. Наводно, се работи за „умилкување“ на Бугарија кога се спомнува поранешното име на Северна Македонија, кое веќе не постои.

Ова е прилично слично на друг инцидент. Имено, во Генералниот директорат за преговори за проширување, на чело со Вархеји – каде дошло до промена на персоналот не многу одамна – имаше критика од внатре во мај, кога Комесарот наеднаш сакаше да и даде предност на Албанија за да започне преговори, но без Северна Македонија во пакет.

Бугарија ја блокира Северна Македонија од чисто националистички причини, но С Македонија има многу малку поддршка од земјите на ЕУ, иако е единствената земја во регионот чија влада беше посветена на реформи во изминатите години.

Во мај, беше очигледно дека Вархеји сакаше да изврши притисок врз Северна Македонија да одговори на барањата на Бугарија, меѓу кои толкување на историјата и јазикот. Висок претставник на Европската комисија кој сакаше да остане анонимен, за „Стандард“ изјави: „Не разбираме што му стана. Отсекогаш сме изјавувале и ќе изјавуваме дека Северна Македонија ги има исполнето сите критериуми.“

Правила и за земјите кандидати

Се на се, извештајот на Судот на ревизори покажува дека постои желба за повеќе „условување“, особено бидејќи распределувањето на претпристапна помош е тесно поврзано со реформи во владеење на правото. Всушност, дискусијата во врска со тоа трае веќе неколку години. Но, таа дискусија не е само во врска со земји кои не се членки на ЕУ кога станува збор за пари да бидат исплаќани само ако се почитуваат општите правила и вредности: дебатата веќе одамна е во самата ЕУ. Но, Полска, Унгарија и Словенија од скоро време сакаат на секој начин да го спречат ова, бидејќи нивните влади постојано ги напаѓаат западните либерални вредности.

А кога станува збор за шесте земји од Балканот кои не се во ЕУ, критиката на Судот на ревизори се врати дека имало „ограничена употреба“ на механизмот. Комисијата “го употребува условувањето систематично“ без всушност да одговори на критиките, вели Судот./