Австриските планови за евакуација на своите државјани од Израел со воен аввион пропаднаа во средата, бидејќи единствениот на располагање „C-130 Hercules“ имал технички дефект, поради што земјата наместо тоа резервираше места на комерцијалните летови.
Австрија во вторникот соопшти дека во среда ќе ја заполне евкауцијата на Кипар со еден од своите застарени авиони „C-130 Hercules“. Станува збор за најголемите авиони во австриската воздухопловна флотила, но и најстарите, во служна од 1960-те години. Владата е во процес на замена на авионите пред нивното повлекување од употреба.
Додека авионот во средата претпладнето се подготвувал од Австрија да полета кон Израел, полетувањето не било можно поради чад во делот од леталото во кој би седеле патниците, и авионот е однесен на поправка.
Вечерта, кога станало јасно дека авионот нема да полета истиот ден, министерството за надворешни работи објави дека резервирало 100 места на летот на „Israir Airlines“ за кипарскиот аеродром Ларнака.
„Црн дена за вооружените сили: Не можевме да им помогнеме на нашите сонародници“, изјави портпаролот на министерството за одбрана Михаел Бауер на социјалната мрежа Х.
Уште една евакуација, на изнајмениот лет на „Austrian Airlines“ за Виена од Тел Авив, ќе биде изведена во четврток.
Но инцидентот поттикна прашања зошто воената евакуација била потребна, кога комерцијалните летови биле достапни, а само ја илустрирал лошата состојба на австриските вооружени сили.
Воено неутралната земја долго ги пренабрегнувала вложувањата во војската и нејзините офицери велта дека вооружените сили не се опремени за одбрана на Австрија во случај на напад. Владата предводена од конзервативците вели дека започнала да се занимава со овој проблем.
Запрашан зошто зошто ниеден друг авион „C-130 Hercules“ не е користен наместо овој што се расипал, портпаролот Бауер за телевизијата Puls 24 TV рече „Двата преостанати авиони ‘C-130 Hercules’ се на сервис, првиот до март, вториот до декември“