Австриските комунисти неочекувано победија на изборите во Грац

Кандидатката на австриската Комунистичка партијка лесно победи на локалните избори во неделата во вториот по големина град во земјата Грац, што го оцени како „повеќе од неочекувано“ бидејќи нејзината партија нема големо влијание во Австрија.

Комунистичката партија на Австрија (KPOe) води во Грац според првични соопштените резултати од гласањето. Нејзината кандидатка 59-годишната Елке Кахр освоила 29,1 отсто од гласовите, што е раст од 8,8 проценти, додека конзервативецот на заминуватње Зигфрид Нагл од Австриската народна партија (OeVP), кој е на градоначланичката позиција последните 18 години, добил 25,7 отсто од гласовите, што претставува пад од 12,1 отсто и ја поднесе оставката.

Анкетите не предвидуваа таков успех и неговите „размери се повече отколку неочекувани“, регираше Кар обраќајќи им се на новинарите.

„Некои даваат ветувања во седмиците пред изборите. Ние, пак, сме тука секој ден, за луѓето, во прв ред за оние најсиромашните“, додаде Кахр толкувајќи го ваквиот успех.

Грац, каде што има повеќе од 220.000 гласачи, често ѝ дава гласови на Комунистичката партија, којашто речиси и не постои во другите региони на Австрија.

Покрај крајната десница и зелените, комунистите учествуваа во минатиот состав на градските власти предводени од конзервативците и имаа два заменика-градоначалник задолќени за сообраќај и за здравство и социјална политика.

Од KPOe сѐ уште не соопштија со кои партиии ќе ја составуваат градската влада во Грац.