Австрискиот конзервативен челник и канцелар Карл Нехамер во вторникот го повика претседателот Александар Ван дер Белен да ѝ довери на крјано Партија на слободата на Австрија (FPÖ) мандат да формира коалициска влада, откако таа победи на парламентарните избори во неделата.
Ова е прва победа за партијата која е опишувана како проруска и антиимигрантска откако е основана во 1950-тите. Нејзин прв водач бил наводно нацистички функционер и висок офицер на SS, паравоената организација на Третиот Рајх, но и многу истовремено многумина од повоените австрски, како и германски функционери од етаблираните партии имаа нацистичко минато или директни роднински врски со нацистички функционери.
Обезбедувајќи на малку повеќе од 29 отсто од гласовите, на FPÖ и треба коалициски партнер доколку сака да добие власт и мнозинство во парламентот. Другите партии рекоа дека не се заинтересирани.
„Традицијата да му се довери на победникот на изборите водење разговори со цел да се тестира (позицијата на другите партии) е добра“, изјави Нехамер за новинарите по состанокот на раководството на Австриската народна партија (ÖVP), која едногласно го потврди како лидер на партијата.
На изборите во неделата ÖVP е втората најсилна партија во земјава со околу два ипол процентни поени помалку од FPÖ. Кога би направил коалиција со третопласираните социјалдемократи, тие би имале мнозинство од само едно пратеничко место, што генерално се смета за премало за да биде одржливо.
Ова значи дека поверојатна опција е сојуз со трета, помала партија како либералниот Неос.
Претседателот Александер Ван дер Белен, поранешен лидер на Зелените и критичар на FPÖ која го дава мандаот за формирањето влада, во неделата рече дека ќе се сретне со партиите во парламентот и ги повика да разговараат меѓу себе за да ги исклучат „слободарците“, оставајќи го отворено прашањето како би се развивала ситуацијата и навестувајќи дека можеби не би го дал мандатот на победникот на изборите.
„Сега останува на претседателот да каже како ги замислува следните чекори во процедурата“, рече Нехамер.