Австриските замени ја скршија Македонија

Во премиерниот натправар на големите натпреварувања, македонската селекција во првото коло од Групата Ц во Букурешт во финишот не успеа да ѝ одолее на Австрија и претрпе пораз од 1:3 по одличното прво полувреме кога успеја да ја анулира предноста на противникот.

Воедно за Австрија ова беше првата историска победа на Европските шампионати, откако во досегашните два настапа имаа одиграно шест натпревари во кои впишаа две реми и четири порази, откако дебитираше во 2008 година кое задно го организираше со Швајцарија, а следниот пат играше во Франција во 2016 година.

Австрија поведе во 18 минута со голот на Лајнер, израмни Пандев во 28, а победата на австриската селекција во завршницата ја донесоа Грегорич во 78 и Арнаутовиќ во 89 минута.

Ова беше дуел на репрезентациите кои играа во истата квалификациски за ова ЕУРО, а и во двата меча славеше Австрија.

Австрија со иницијатива го започна денешниот дуел која ја материјализираа во 18 минута. Забитцер испрати употреблива топка во македонскиот шеснаесетник, кога десниот страничен играч Лајнер втрча зад грбот на Алиоски и од три метра откосо со силен удар го совлада Димитриевски.

Четири минут подоцна Австрија имаше шанса да го удвои водтвото,. Кога Забицер нафрли од левата страна, овојпат на првата статива каде осамен остана Калајџиќ, но од пет метри неговиот удар заврши со интервенција на Димитриевски, кој денеска имаше неколку извонредни одбрани.

Во 28 минута австриската одбрана под притисок повторни интервенираше неумешно. По лошо исфрлање на австриската одбрана од нивен соиграч топката се врати во шеснаесетникот, на која стартуваа Алаба и Трајковски но и голманот Бахман кој беше најбрз. Но тој слабо интервенираше и топката дојде до капитенот на Горан Пандев кој со брза ракција ја испрати во празната мрежа и го постигна историскиот прв погодокот за македонската селекција на континенталните првенства.

Во второто полувреме Македонија започна посамоуверено и ја создаде првата шанса. Барди со луцидно проигрување во шанса го стави Николов, но Бахман со правовремено истрчување влезе во неговиот шут спречувајќи сигурен погодок. Во следниот на спротивната страна Забицер со својот удар го пронајде резервистот Грегорич, но обидот со глава на Австриецот одлично го одбрани Димитриевски.

Сепак, на австрискиот селектор Фоди уфрлувањето на Грегорич му се исплатеше во 78 минтуа, кога овој висок напаѓач на врвот на петерецот беше побрз на топката од Димитриевски и ниското нафрлување на Алаба го спроведе во мрежата. Кога Македонија се обиде да дојде до израмнување, победата на Австрија ја потврди уште еден играч кој влезе од клупата ветеранот Арнаутовиќ. Македонската одбрана неспретно овозможи двојно проигрување на Австријците и позиција на Арнаутовиќ да избие сам пред Димитриовски, да го забиколи и да поентира.