Најмалку две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во Хрватска.
Полициската управа на Вараждин соопшти дека автобусот со полски регистерски таблички во 5 часот и 40 минути излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб.
Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец. Вечерњи лист објави дека загинале неколку лица, како и дека голем број патници се тешко повредени.
Полицијата и пожарникарите се на терен, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
За среќа, повеќето од 40-те повредени се со полесни повреди, а неколку лица се пренесени во болница.