
Невобичаена сообраќајна незгода се случи денеска откако автобус на ЈСП „Скопје“ удри и се качи во средишната жардиниера на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на ТЦ „Мавровка“ во Скопје.
Засега не е познато како дошло до несреќата и дали во моментот на ударот имало патници во возилото.
Полицијата е на самото место, а се очекуваат повеќе детали по увидот.


Фото: Социјални мрежи Димитар Павловски