Автобус се судри со автомобил во Волково, еден од возачите повреден

На 02.10.2021 во 22.20 чaсот на ул.100 во селото Волково, скопско се случила сообраќајна несреќа пеѓу патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ј.Ј.(62) од Скопје и автобус „евробус“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.Т.(62) од селото Стајковци, скопско, информира МВР.

М.Т. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.