Автобус се судри со две возила на патот Охрид – Кичево, тешко повредено лице

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа којашто во неделата околу пладне се случила во охридско кога автобус се судрил со два автомобил, информира во Министерството за внатрешни работи.

На 02.06.2019 во 12:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај сeлото Оровник, се случила сообраќајна незгода меѓу автобус „ман“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 38-годишниот Т.С. од селото Косел, патничко возило „фолксваген “ со охридски регистарски ознаки, управувано од 75-годишниот Н.Д. од селото Злести охридско, и патничко моторно возило „хјундаи санта фе“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Д.П. од Битола.

Со тешки телесни повреди се здобил Н.Д. кој по укажаната лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“  бил препратен во Општата болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид.