
Српски автобус кој се враќал од Грција, бил нападнат од група малолетници кои фрлале камења кон автобусот кај надвозник во Македонија, пренесуваат српските медиуми.
-Вечерва, на враќање со автобус од Грција се случи нешто непријатно. Од надвозникот во Македонија бевме гаѓани со камен право во стаклото кај возачот. За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени. Ние подоцна бевме известени дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува и дека ова е често. Ете само да им укажам на возачите да внимаваат при минување под надвозникот во Македонија, пишува на фејсбук-страницата Live from Greece.
Како што пренесуваат српските медиуми, во автобусот немало повредени, но патниците биле под стрес од нападот.