Утре не чекајте автобус на овие автобуски стојалишта

На четири автобуски стојалишта утре не чекајте автобус. Како што информираат од Град Скопје, поради изведување на градежни работи од страна на „ГЕИНГ Кребс унд кифер“, утре нема да се користат неколку автобуски стојалишта во главниот град.

Четири автобуски постојки утре вон функција
Четири автобуски постојки утре вон функција

Од Град Скопје информираат дека времен режим ќе има на следниве автобуски стојалишта:

Автобуско стојалиште на бул.„Кочо Рацин“ пред Олимписки базен „Југодрво“ во правец од Црвен Крст кон Комплекс банки во период од 08.00 до 10.30 часот;

Автобуско стојалиште на бул. „Партизански Одреди“ кај Соборен Храм во правец од Општина Центар кон Општина Карпош во период од 11.00 до 13.00 часот;

Автобуско стојалиште на бул. „Партизански Одреди“ пред Архив на Град Скопје во правец од Општина Карпош кон Општина Центар во период од 13.30 до 15.00 часот;

Автобуско стојалиште на бул. „Партизански Одреди“ пред Порта Буњаковец во правец од Општина Карпош кон Општина Центар во период од 15.00 до 17.30 часот.