Најмалку 15 лица загинале, а десетици се повредени во автобуска несреќа во Италија.
Несреќата се случила кога автобусот со многу луѓе излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, се срушил врз железничката пруга и се запалил.
Според првичните информации, загинале најмалку 15 лица, додека четириесетина се повредени.
Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро изјави дека се знае дека настрадале најмалку 20 патници, а повеќе од 40 се повредени.
„Апокалиптична сцена. Немам зборови“, рече Бруњаро.