Втор ден автобусите на превозникот „Макекспрес“, не сообраќаат по редовните линии. Велат немаат средства за да продолжат со работа поради доспеаниот долг од Град Скопје и ЈСП за август, септември и октомври во висина од над половина милион евра.
Бараат средба со Арсовска и со раководството на ЈСП и додаваат дека додека не изнајдат решение за проблемот ќе бидат принудени да ги паркираат автобусите.
Покрај проблемот со „Макекспрес“, Град Скопје сѐ уште не го решил проблемот со в.д. директорот на „ Водовод и канализација“, Митовски, од кого Синдикатот очекува оставка поради кршење на работничките права и вршење притисоци врз вработените.
Донесена е одлука за започнување постапка за помирување пред штрајк која ќе трае десет работни дена, а додека трае процесот на медијација вработените редовно ќе ги вршат нивните обврски.