Автобусите на ЈСП од денеска ќе возат до 20 часот

По вчерашната одлука на владата за зголемување на полицискиот час, автобусите на ЈСП Скопје од денеска ќе возат до 20 часот, кој од денеска ќе трае од 20 до 5 часот.

Во соопштението од претпријатието се вели дека билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.

– И натаму нашите автобуси возат со редуциран возен ред, поради намалениот број на патници. Ве потсетуваме дека продолжува да не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, а времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту жичницата – велат од ЈСП.

Од претпријатијето дополнуваат дека распоредот до последниот посочен термин, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.