Автобусите на ЈСП превоз денеска ќе возат по неделен возен ред

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скоје“ (ЈСП) информираат дека денеска, поради државниот празник „8 Септември – Ден на независноста“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници: Транспортен центар, од 7 до 19.30 часот, Зелено пазарче, од 7 до 19.30 часот и Ѓорче Петров, од 7 до 13 часот.