Автобусите на ЈСП во понеделник нема да сообраќаат по 9 часот наутро

Автобусите на скопското Јавмо сообраќјни претпријатие во понедленикот СП утре ќе останат во гаражите по 9 часот наутро, одлучи Синдикатот на вработените во ЈСП.

Вработените потоа ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму, а на која на дневен ред се субвенциите за ова јавно претпријатие.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Како што претходно беше сооопштено, поради неисплатената плата за декември, автобусите на ЈСП од понеделник нема да сообраќаат, и покрај тоа што е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје.