Автобуските превозници се жалат на притисок да не превезуваат луѓе на протестите во Скопје

Голем број на граѓани од другите градови кои сакаат во неделата да дојдат во Скопје за да го изразат револтот за притвортите одредени за луѓе поради учеството во настаните од 27-ми април во парламентот, ќе бидат спречени бидејќи останаа без превоз, пишува во саботата вечерта порталот Курир.мк.

Иако сограѓаните се сплотија заедно да пристигнат во Скопје со автобуси, поради закани од власта, превозниците се откажуваат од овој ангажман.

Врз автобуските превозници секојдневно биле вршени притисоци и закани изминативе денови откако беше најавено дека во недела во Скопје ќе има голем протест за поддршка на неправедно притворените и против другите неправди.

Функционери и членови на СДСМ ги контактирале превозниците неколкупати и им испратиле пораки дека ако се осмелат да превезуваат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кон Скопје, ќе се соочат со казни.

Вработените реагирале, но залудно. Поради големи притисоци, закани и уцени од страна на СДСМ, дел од нив сакајќи да го задржат бизнисот и да можат слободно да работат и во иднина, сепак одлучиле во недела да не возат кон Скопје.

Протестот е најавен за утре од 16,30 часот.