![avtobus-50-gtc1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/avtobus-50-gtc1.jpg?resize=640%2C404&ssl=1)
Автобусот бр.50 на ЈСП од денеска повторно ќе застанува на станицата во ГТЦ. Последниве месец и половина улицата беше затворена за сообраќај поради обнова на коловозот. Од ЈСП велат дека реконструкцијата завршила.
ЈП „Улици и патишта“ во изминатиот период изврши комплетна обнова на коловозот, со поставување на специјален асфалт кој гарантира одлична состојба на улицата во наредните 10 години, соопштија од ЈСП.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во февруари годинава направи журка со диско музика за враќањето на „50“ на станицата во ГТЦ. Пет години оваа постојка не се користеше оти во 2013 година во употреба беа пуштени двокатните автобуси кои не ги собира во преминот под ГТЦ. Шилегов на линијата со број 50 пушти еднокатни автобуси и ги врати во подземниот премин, но по само еден месец улицата беше затворена за сообраќај поради реконструкција и автобусите повторно застануваа кај паркот „Жена – Борец“. Ниту Град Скопје, ниту ЈСП, ниту пак ГТЦ не објаснија зошто не направија прво реконсктрукција, а потоа свечено пуштање во употреба.