Автомобил бомба удри денеска во оклопно полициско возило во Дијарбекир во југоисточна Турција. Според локални медиуми ранети се многу луѓе меѓу кои и најмалку 15 полицајци.
Во дел од Дијарбекир се спроведуваат интензивни операции на силите за безбедност по обновувањето на конфликтот меѓу Анкара и бунтовниците од Курдската работничка партија во јули 2015 година.