
Автомобил и автобус на транспортната компанија „Галеб“ се судриле утрово, во околу 8 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево- Скопје, кај Ново Село во близина на Гостивар.
Од охридското претпријатие изјавија дека нема повредени патници во автобусот и дека е причинета само материјална штета, јавува порталот „Охридњус“.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека во сообраќајната незгода е повреден возачот на патничкото возило, кој е пренесен во Општата болница во Гостивар.
Во тек е увид на местото на незгодата со цел да се утврдат причините поради кои се случила. Поради наизменично пропуштање на возилата нема застој во сообраќајот.
ФОТО: ohridnews.com