![kolari nesreka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/kolari-nesreka.jpg?resize=696%2C441&ssl=1)
Автомобил загубил контрола и излетал од патот на делницата Кичево-Стража кај селото Колари. Возилото паднало во река. Според неофицијалните информации во несреќата има една жртва и еден повреден.
Официјална потврда за загинати и повредени се уште нема.
На местото на несреќата имаше екипи на пожарната, брзата помош и полицијата.
Не се јасни причините за несреќата.