Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.
Од МВР информираат дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.
На лице место е и јавен обвинител.
Дел од медиумите јавуваат дека со автомобилот се превезувало семејство.