Во средата (21.08.2024), околу 22.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат од селот Р’жаничино кон селото Коњари, во скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и мотоцикл управуван од 23-годишниот С.Р. од Долно Коњаре, скопско, информира МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид изршила екипа од СВР Скопје.