Автомобил падна во Вардар

Попладнето во понеделникот во водите на реката Вардар, во непосредна близина на Камениот мост во самиот центар на Скопје, падна автомобил со патници.

Повикани се пожарникари за да интервенираат. Според очевидцим, станува збор за возило марка „нисан“, а од фотографиите се забележува дека станува збор за жолт автообил, најверојатно од моделот „џјук“.

Кола во моментов се наоѓа  во реката Вардар, во делот меѓу Камениот мост и мостот Око во центарот на Скопје. Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата.

Како што велат од Пожарната за порталот  сдк.мк во колата нема патници.

„Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата сеуште е со запалени фарови“, велат од Бригадата за противпожарна заштита за порталот.