
Четири годишно девојче пред два дена околу 19 часот било удрено од автомобил „Опел вектра“ управуван од 25 годишниот Ф.Б.
Несреќата се случила на улицата „194“, по што девојчето со друго возило девојчето било префрлено во тетовската болница и по укажана помош, пренесено е на скопските клиники.
Од СВР Тетово информираат дека извршен е увид и се утврдува причината за несреќата.