Автомобил удри во деветгодишно дете во Сарај

Деветгодишно дете се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу пладне на ул. „1“ во село Сарај во него удри автомобил „цитроен“, управуван од жител на село Глумово.

Со возило на Брза помош повреденото дете е пренесено во ГОБ „8 Септември“ каде што се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата работи на расветлување на случајот.