Автомобили еден час заглавени на Стража

Завршувањето на продолжениот првомајски викенд предизвика застој на патиштата низ земјата. Загрижени граѓани веќе подолго време се заглавени на Стража, објави Лидер.мк

Според нив од Стража до последната наплатна рампа во Гостивар има колона од автомобили долга 15 километри.

За време на празниците е зголемен и протокот на возила, а јавното претпријатие за државни патишта ги остава патарините со недоволен капацитет.

Според граѓаните во некои делови од патот кај Стража не може да се престигнува поради полната лента, но несовесни возачи постојано престигнуваат, а полиција нема за да го регулира сообраќајот.