Српската полиција уапси седум лица на териториите на општините Краљео и Лозница, а по уште едно се трага под сомневање дека како организирана група во неколку земји до Европската унија сториле повеќе кривични дела на измами, перење пари, фалсификување и прикривање, објави во петокот српското Министерство за внатрешни работи.
Во полициската акција одземени се лични автомобили од висока класа, луксузни кампери, како и комби возила. Уапсените се товарат дека возилата, украдени на териториите на земјите членки на ЕУ, ги пренесувале во Србија, ги преправале во однапред уредени гражи и работилници, а потоа ги продавале стекнувајќи милионска полза.
Во текот на претресите на станови и работилници во сопственост на осомничените, откриени се и запленети повеќе десетици илјади евра во и поголеми суми српски динари во готовина, оружје и муниција кои нелегално ги поседувале, како и големо количество авто-делови.
Пронајдена е и електронска опрема за преправање на броевите на каросеријата и моторите, како и поголемо количество фалсификувана соодветена документација и регистерски таблички.
Покрај полициското задржување од 24 часа, на уапсените им следува кривична пријава и во текот на денот треба да бидат изведени пред обвинител.