Извршниот директор и основач на американскиот електрични автомобили „Tesla“, Илон Маск, најави во средата дека возилата на компанијата ќе биде можно да се плати со најпопуларната криптовалута биткоин.
„Автомобил на Tesla ќе може да го платите со биткоини“, напиша претприемачот во средата на својот акаунт на Twitter.
Опцијата за плаќање со биткоини ќе биде достапна надвор од САД кон крајот на 2021 година, додава Маск.
Американската копанија „Tesla“ објави на 8-ми февраури дека во биткоинот вложила 1,5 милијарди долари и најави дека во блиска иднина ќе им овозможи на клиентите нејзините автомобили да ги плаќаат во оваа криптовалута.
„Една од најголемите компании во светот вложи во биткоинот, а тоа значи дека му се изложени и сите инвеститори во Tesla (или макар само еден фонд во индексот S&P-500“, порача тогаш Илон Маск кој ги поддржува и другите криптовалути.