Пред два дена во скопското село Бразда бил пронајден автомобилот на Панче Жежовски, 74-годишен фризер од Велес, кој е исчезнат од средата. Возилото било целосно опожарено, објави Фокус.
Од МВР ја потврдиле информацијата.
„На 27.11.2023 било пријавено дека во 15.40 часот во с.Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило. До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ќерката на Панче за Фокус изјавила дека во селото каде што бил пронајден опожарениот автомобил немаат ниту роднини, ниту пријатели, ниту пак тој некогаш одел таму. И додава дека остава полицијата да ја води истрагата.
Панче Зезовски, велешанец на возраст од 74 години, без здравствени проблеми, недостапен е за семејството веќе осми ден, односно од средата му се губи секаков траг.