По синоќешниот дожд проследен со град кој предизвика поплава во Скопје, денеска ја посетивме локацијата во Ново Лисиче, која беше една од најпогодените во општината Аеродром. На потегот од Полициската станица до бензинската на „Окта“ имаше и еден пропаднат автомобил. Денеска можеше да се види само неговата регистарска табличка, а автомобилот не беше на синоќешната локација.
Во Ново Лисиче денеска, освен екипите на „Водовод и канализација“ кои работеа на терен можеа да се забележат и група граѓани кои накратко ни раскажаа што точно се случувало тука.
„Автомобилот кој пропадна беше паркиран веднаш до оградата на градилиштите. Бидејќи оградата е многу висока не може да се види дека дека дупката започнува каде е оградата. Претпоставуваме дека поради силниот дожд кој беше помешан со град дошло до лизгање на земјиштето и така пропаднал автомболиот“, велат жителите од околните згради.