Автономниот хеликоптер на „Ербас“ успешно го заврши летот во услови во кои пилотите одбиваат да летаат

Компанијата „Ербас“ успешно спроведе тестови на својот автономен хеликоптер, беспилотно летала VSR700, во услови кога ветрот дува со брзина од повеќе од 40 јазли, односно 74 км/ч.

Хеликоптерот летал во услови кои дури и искусните пилоти ги избегнуваат, а во него немало членови на екипажот. Хеликоптерите без екипаж изгледаат необично, но нивната улога во војската е огромна и може да бидат смртоносни.

Од анти-подморнички операции до спасувачки мисии, беспилотните летала со ротор можат да вршат бројни улоги во извидувачки, разузнавачки и надзорни мисии.

Прототипот на Ербас VSR700 ги помести границите на она што можеа да го направат беспилотните летала и даде навистина фантастични резултати. Претходно, системот ATOL (автономно полетување и слетување) дизајниран за VSR700 беше тестиран на модифициран мал хеликоптер Guimbal Cabri G2, но во последните тестови, дронот за прв пат функционираше како комплетен систем и леташе во оперативна конфигурација над морето. Дронот е придвижуван од Thielert Centurion 2.0 дизел мотор кој развива 15 КС и може да носи 100 килограми товар.

Со сечилото на роторот од 7 метри, дронот може да крстари со брзина од 220 km/h и на височина до 6.000 метри. Може да помине 10 часа во лет, двојно повеќе од стандардниот хеликоптер.

Системот ATOL беше тестиран во 80 операции. Системот DeckFinder на Ербас му овозможува на дронот да полета и слета на палубата на фрегата со прецизност од 10 сантиметри без потреба од GPS или сличен систем за навигација. Компанијата тврди дека прецизноста на системот е исто толку добра дури и во услови на нулта видливост.

VSR700 леташе и при налети на ветер до 74 км/ч, кои се сметаат за услови за „силна бура“, со бранови високи меѓу 7 и 10 метри на море. Дури и искусните пилоти одбиваат да летаат во овие услови, но прототипот VSR700 помина осум часа во воздух за време на 14 летови и успешно слета.

Ербас веќе работи на вториот прототип на хеликоптерот VSR700, кој ќе биде тестиран подоцна оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.