Автономните возила пред клучниот тест по првиот смртен случај во САД

Смртниот случај во американската сојузна држава Аризона на жена на којашто налета автомобил без возач на компанијата „Uber“, е првиот ваков случај во светот, инцидентот од кој индустријата на автономните возила веќе долг период стравуваше, а притоа се случи во најнезгодниот момент за неа.

Несреќата којашто се случи во понеделникот а ја предизвика автомобил на „Uber“ е првиот важен тест за реакцијата на јавноста и законодавците на оваа нова технологија. Инцидентот се случи во периодот кога производителите на автомобили бараат законско одобрување да можат да ги нудат услугите за превоз со автономни возила веќе следната 2019 година.

Имено „Uber“ и компанијата „Waymo“ дел од концернот „Aplhabet“, која е компанија за превоз со автономни возила, им пишаа во петокот на американските сенатори повикувајќи ги да ги усвојат сеопфатните законски прописи за автономните автомобили „во следните седмици“.

Производителите на автомобилите и технолошките компании, како што се „Uber“, „General Motors“ и „Toyota“ вложија големи пари коишто зависат од успешите ревизии на постојните прописи за безбедноста на возилата коишто се напишани под претпоставка дека човек со возачка дозвола секогаш ќе биде зад воланот.

Нивните претставници предупредуваат дека несреќните и смртните случаи со автономните возила се можни, но и дека безброј животи ќе бидат спасени кога роботичките системи програмирани да ги почитуваат сообраќајните правила ќе ги преземат возилата од растроените, поспани, напиени или неспособни возачи.

Марк Розенкер, поранешен пртседател на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот, изјави во понеделникот дека јавноста не би требало прежестоко да реагира на инцидентот со возилото на Uber“. Истакна дека 6.000 пешаци и речиси 40.000 луѓе смртно страдаат секоја година на патиштата низ САД во повеќе во шест милиони судари.

„Тоа ќе претставува жалосна пречка којашто ќе мораме да ја решиме за да ја повратиме вербата на јавноста во тоа дека овие возила се сигурни“, изјави Розенкер.

Инцидентот предизвика „Uber“ да ги суспендира сите натамошни тестирања на своите автономни возила.

Последица од оваа несреќа може да биде ново одложување на усвојувањето или промена на важниот предлог-закон во американскиот Конгрес за забрзувањето на тестирањата на автономните возлиа кој веќе заглави поради приговорите на групата пратеници на Демократската партија поради безбедносни причини.

Сенаторот Џон Тјун, репбликанец кој претседава со Комитетот за трговија, изјави дека оваа „трагедија ја нагласува потребата од носење закони и политики за соодветни автономни возила“. Меѓутоа, двајца демократски сенатори во истиот комитет, Ед Марки од сојузната држава Масачусетс и Ричард Блументал од Конектикат, велат дека инцидентот со „Uber“ бара решителен одговор.

„Овој трагичен инцидент значи дека пред технологијата на автономните возила е уште долг пат пред навистина да биде сигурна за патниците, пешаците и возачите на американските патишта“, рече Блументал.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп работи на отстранувањето на регулаторните бариери за автономните возила, но исто така истакнува дека е фокусирана на безбедноста. „Целта е изработка на разумни прописи кои не ги ограничуваат иновациите, а истовремено ја гарантираат безбедноста“, изјави министерката за сообраќај, Илејн Чао, на 1-ви март. Нејзината портпаролка во понеделникот немаше коментар за медиумите во врска со споменатиот инцидент.

Министерката ја разгледува петицијата на „General Motors“ поднсена во јануари до Националната агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) со којашто се бара изземање со коешто би се дозволило помал број автономни возила да учествуваат во програмата за делење на транспортот без возачи.

Меѓународниот синдикат на вработените во сообраќајот објави во понеделникот дека инцидентот покажува оти „постојат големи ризици при тестирањатата на недокажаните технологии на јавните патишта. Клучно е да се заштитат пешаците и возачите“.

Поранешниот американски министер за сообраќај, Ентони Фокс, изјави во понеделникот дека инцидентот предизвикува „повик на будење во целата индустрија на автономните возила и во владата, безбедноста да започнат да ја сметаат за висок приоритет“.

Ланскиот септември американскиот Претставнички дом едногласно ја усвои мерката којашто ќе им овозможи на производителите на автомобили изземања од безбедносните прописи кои бараат човечка контрола над возилото. Сенатската верзија на прописот ќе им овозможи на производителите на автомобили, во рок од три години, да може да продат до 80.000 автономни возила годишно, и тоа секоја компанија, доколку им докажат на регулаторите дека тие се безбедни исто колку и конвенционалните возила.

Големите дилеми по прашањето на безбедноста на автономните возила посериозно првпат се појавија во јули 2016 гоина кога маж кој се возел со автомобилот „Model S“ на производителот „Tesla“ во полуавтономниот подмодел „Autopilot“ загина удираји се во камион. Во јануари 2017 година, американските сојузни регулатори заклучија дека системот на „автопилотот“ на оваа компанија не бил расипан, како и дека возачот требало да ја задржи контролата над возилото.