Освен Кичево – Охрид, во моментов се градат и Демир-Капија – Смоквица на Коридорот 10 и автопат Гоце Делчев на релација Миладиновце (Скопје) – Штип. Во тек е рехабилитација на автопатска делница од Велес до Катланово (Скопје). Вкупно во тек е изградба на 155,7 километри нова автопатска мрежа или инвестиција од околу 795 милиони евра.
Изградба на автопат Демир Капија-Смоквица, во должина од 28,2 км како дел од Коридорот 10. Вкупната инвестициона вредност изнесува 210 милиони евра.
Изградба на автопат Миладиновци – Штип (автопат Гоце Делчев), во должина изнесува 47 километри инвестиција изнесува 206 милиони евра.
Рехабилитација на автопатска делница Велес-Катланово (Скопје), со должина од 23,5 километри. Инвестицијта е вредна 5,6 милиони евра