
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека вечерва од 18.15 часот е блокиран во двата правца сообраќајот на автопатот А-3 Битола – Ресен на местото Баир поради поставено и запалено ѓубре.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Поради ниски температури, на повисоките планински и осојничави места можна е појава на голомразица, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.