Автопатот Скопје-Велес е целосно во прекин

На автопатот Скопје-Велес после местото викано Ветерско сообраќајот е во целосен прекин, вечерва во 21.29 часот информира  АМСМ.

Според „4news.mk“, на автопатот има голем одрон, па сообраќајот целосно е прекинат.

Пристигната е и полиција, а двете ленти се блокирани со автомобили.