Од барањето на инспирацијата во автобус до наоѓањето наслови за песните во сништата, Пол Макартни се осврнува на својот живот во новата книга во којашто се присетува на некои од најпознатите песни на светот кои ги напишал.
Опишана како „автопортрет во 154 песни“, книгата „Стихови: 1956-та до денес“ се протега низ осумдецениското кантавторство на Маккартни, во тинејџерските денови како член на легендатните The Beatles и со рок бендот Wings, како и во текот на успешната соло кариера.
Објавена претходно оваа седмица, книгата во два дома составена е по азбучен ред, со стиховите од песните како „Hey Jude“, „A Hard Day’s Nigh“ и „Penny Lane“.
„Кога конечно ќе ја завршев песната, ќе се објавеше во светот, така што не се грижев што со неа ќе се случи“, изјави Маккартни во петокот на настанот организаран по повод објавувањето на книгата.
„Се помирив со тоа дека нема секој да го разбере значењето коешто го има за мене, туку дека ќе го впише своето значење и тоа е нешто што морате да го прифатите“, додаде музичарот.
Во книгата значително е присутен и покојниот Џон Ленон, со кој Маккартни ги пишувал песните, како и негоавата прва сопруга Линда Маккартни која почина во 1998 година.