![download](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/download.jpg?resize=285%2C177&ssl=1)
Дваесет и двегодишен возач од Куманово, во петрокот рано утрото излетал од булеварот во Куманово, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово.
Утрово во 06:15 часот на булeварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во 37-годишниот пешак Р.К. од Куманово. Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од полицијата во Куманово.