Закрепнувањето на Еден Азар оди според планот, но тој нема да може да му помогне на Реал Мадрид во натпреварите од шпанскиот Суперкуп.
Белгиецот веќе еден месец е во аут откако се повреди на мечот со ПСЖ, и уште не е закрепнат за да може да почне со тренинзи. Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Саудиска Арабија и почнува на 8 јануари, но со Азар нема да се ризикува, нема да игра, туку ќе биде поштеден за поважните мечеви кои ќе се играат после тоа.
Сега целта е Азар да се појави кон крајот на јануари или на почетокот на февруари, токму на време за градското дерби со Атлетико и за пресметките со Манчестер сити во ЛШ, како и за Ел Класико против Барселона на 1 март.