Азар ќе биде “главниот играч” на Карнеиро во војната против Челзи

Дали токму Азар ќе биде "главниот играч" на Карнеиро во војната против Мурињо и Челзи ?!

Весникот “Дејли мејл” открива дека Азар ќе треба да ја потврди верзијата на Карнеиро, односно дека токму самиот фудбалер побарал од судијата Мајкл Оливер лекарска помош, по што главниот арбитар ја повикал Ева да влезе на теренот.

Мурињо бурно реагираше уште за време на мечот, а потоа тргна во тотална офанзива против Карнеиро, која најпрвин беше изолирана од работата со првиот тим, а потоа и отпуштена од страна на Челзи.

ТВ-снимките покажуваат како Азар бара од Оливер лекарска помош, но судот сепак ќе бара од Белгиецот лично да го потврди тоа.

Тоа само по себе би значело дека Карнеиро професионално си ја завршила работата и сето дејствие од страна на Челзи по мечот било спротивно на законите, па токму затоа “сините” стравуваат дека токму нивниот најдобар фудбалер од минатата сезона може да ги “закопа” во овој судски процес.

Азар не сака да сведочи против клубот, но ако добие покана ќе нема друг избор освен да каже што навистина се случи во финишот од тој натпревар, велат блиски пријатели на белгискиот фудбалер, за кого се најавува дека речиси сигурно по завршувањето на сезонава ќе си замине од “Стемфорд бриџ”.