
И покај постојаните шпекулации, дека ќе биде продаден на францускиот гигант ПСЖ, белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азард, откри дека е многу среќен затоа што во новата клупска сезона ќе го носи дресот со бројот десет.
„Многу сум среќен, најпосле ќе го облечам дресот со бројот десет. Станува збор за мојот омилен број, кој го носам секогаш кога играм за репрезентацијата на Белгија. Дресот со бројот десет го носеа сите мои идоли, сите мои хероии од детството. Тука мислам на Зинедин Зидан. Се надевам дека новиот дрес ќе ми донесе многу среќа и со нетпрение го очекувам стартот на новата сезона”, изјави крилниот напаѓач на Челзи.
Француските медиуму пак се убедени дека Азард за време на летниот преоден рок ќе биде продаден на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ и тоа за рекордни 75 милиони евра.