Азербејџанското министерство за одбрана објави видео снимка од уништување на воен конвој на ерменската армија на линијата на фронтот во спорниот регион Нагорно-Карабах.
Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалираше во текот на минатата седмица. Баку и Јереван меѓусебно се обвинуваат за ескалацијата на судирите, во Ерменија е воведена воена состојба и се врши општа мобилизација, додека пак во Азербејџан е воведена вонредна состојба и делумна мобилизација.
Меѓународната заедница повикува на воздржаност, додека целиот конфликт драстично го влошува Турција која отворено е на страната на Азербејџан и повикува на агресија против Ерменците во Нагорно-Карабах.
Од терен досега пристигнаа голем број на снимки, а на една од последните кои ги објави азербејџанската страна може да се види како се уништува конвој на ерменските сили.