Азербејџанскиoт цивилен авион соборен од руски противвоздушен систем, тврдат извори

Летот на воздухопловната компнија „Azerbaijan Airlines“ кој се урна во средата во Казахстан navodno бил соборен од руски систем за воздушна одбрана, тврдат за Reuters четири извори во Азербејџан запознаени со истрагата, но не посочуваат показатели кои би ја поткрепиле нивната информација.

Патнички авион ид типот „Embraer“ се урна во средата во близина на градот Актау во Казахстан, откако скршна од областа на Русија каде што претходно последните месеци се активни системи за противвоздушна одбрана против напади на украински беспилотни летала.

Летот Ј2-8243 на „Azerbaijan Airlines“ летал стотици милји од својата закажана рута од Баку, главниод град на Азебејџан, до Грозни во руска Чеченија, уривајќи се урне на спротивниот брег на Каспиското Море, по, како што соопшти руската авијација, вонредна состојба која можеби била предизвикана од со удар со јато птици.

Официјални лица не објаснија веднаш зошто го премина морето, но до несреќата дојде откако украински беспилотни летала овој месец го погодија регионот Чеченија во јужна Русија. Најблискиот руски аеродром на патеката на летот на авионот беше затворен за сообраќај во средата наутро.

Во несреќата загинаа 38 лица, а преживеаја 29 патници од авионот, од кои некои се тешко повредени. На видео снимката од несреќата се гледа како авионот од Азербејџан паѓа од мала височина покрај брегот на Каспиското Море, неуспевајќи да стигне до блискиот аеродром Актау.

Во меѓувреме во четвртокот во Казахстан се идентификувани телата на десет жртви од авионската несреќа во Актау, меѓу кои и тројца Руси, соопшти Одделот за вонредни ситуации на регионот Мангистау.

„Во моментов се идентификувани десет тела. Азербејџан – четири, Русија – три, Казахстан – три“, велат тие додавајќи дека во форензичкиот центар се пренесени вкупно 38 мртви.

Во авионот „Embraer 190“ имало пет членови на екипажот и 62 патници, од кои 16 Руси, меѓу кои и 11-годишно девојче, 37 државјани на Азербејџан, шест од Казахстан и тројца од Киргистан. Според Министерството за здравство на Казахстан, преживеале 29 лица. Девет повредени Руси со специјален лет на Министерството за вонредни состојби се пренесени на лекување во московските болници.