2.8 C
Skopje
четврток, ноември 28, 2024

Азербејџанскиот претседател соопшти дека армијата презела контрола врз 13 села

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека азербејџанската армија презела контрола врз 13 села во регионот Џебраил, во Нагорно-Карабах, пренесоа руските медиуми.

Алиев притоа ја обвини Ерменија дека вчера повторно го прекршила договореното хуманитарно примирје.

„Ерменските вооружени сили, грубо кршејќи го договорениот привремен прекин на огнот на 18 октомври, гаѓаа со тешка артилерија кон населените места и борбените позиции во Азербејџан”, додаде тој.