Господине Мицкоски, Ви посакувам побрзо оздравување и закрепнување затоа што моето искуство за кое пишувате ме научило да го почитувам слоганот на нашата најуспешна компанија „Здравјето пред се“. После тоа има време и за аргументи.
Ова е одговорот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, во врска со неговата објава на Фејсбук упатена до Азески.
„Нема да слушнеме збор или два за најкорумпираната и најкриминалната Влада на Балканот, заробените институции, обвинителства и судови, дебаклот во економијата, изгубените работни места, неуспешните реформи во образованието, имунизацијата со ваксајнс, рекордите по заболени и починати од корона…., аааа не за тоа нема да прочитате од бардот на македонската стопанска комора, но затоа врз основа на тоа што му го кажале Битиќи и Бесими тој веднаш го впери прстот кон опозицијата и лаконски ја осуди без притоа да ја слушне таа што има да каже“, напиша вечерва Мицкоски на својот профил на Фејсбук.