Азески: Мора да се прогласи енергетска криза

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески смета дека мора да се прогласи енергетска криза и уверува дека компаниите нема да се соочат со рестрикции.

-Оваа работа не може да помине без прогласување на енергетска криза во државата. Не знам какви се ингеренциите во ваква констелација на Влада која е во оставка во моментов, но криза мора да прогласи за полесно да ги носи решенијата во моментот кога ќе тргне огромната потрошувачка со промената на временските услови и со резервите што ги имаме, истакна Азески вечерва во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Вели дека веројатно ќе дојде до здружување на компаниите за купување на електрична енергија за цела 2022 година по фиксна цена која ќе ја платат авансно со што ќе ги обезбедат потребните количини.

-Покрај тоа што соработуваме со Владата, ние бараме и наши решенија. Имаме неколку можности кои ги разгледуваме. Веројатно ќе дојде до здружување на компаниите за купување на електрична енергија за цела 2022 година по фиксна цена и ќе ја платиме авансно и така ќе ги обезбедиме потребните количини за да подготвени го пречекаме почетокот на годината. Има можност за наше вклучување во активностите што ги презема државата за подигнување на степенот на производство на електрична енергија, а ќе има и солидарни потези кои ќе ги направиме како Западен Балкан, како Управен одбор на Коморскиот инвестиционен форум каде јас сум копретседател. И таму поверуваме иницијатива и бараме од Европската енергетска заедница и Европската комисија да помогнат, вели Азески.  (МИА)