Министерството за финансии ја информира јавноста дека е отстранет техничкиот проблем и податоците на порталот “Отворени финансии“ се ажурирани.
Поради нестручност на фирмата која го одржува порталот, воедно и поради недостаток на ИТ кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнува да се јавува уште во февруари месец.
Вработените од ИТ секторот во координација со новиот советник за ИТ технологии успешно го вратија во функција порталот “Отворени финансии” и ќе продолжат да работат на негово подобрување.
Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување. Корисниците преку овој портал можат да пребаруваат информации за реализација на Буџетот одделно по институции и извршени трансакции.
Порталот претставува алатка за унапредување на транспарентноста и и дава на јавноста увид во трошењета на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници.