Азир Алиу го анализира политичкиот профил на Артан Груби: Тој е хибридна личност помеѓу нарцизмот и макијавелизмот

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, зборувајќи во „10 минути“ на ТВ21 за предлогот на партијата од која што доаѓа, да биде разрешен од функцијата се задржа на вчерашната седница на Владата, на која според него, сите овие кадровски измени се прават на барањето на министерот од редовите на ДУИ, Артан Груби.

Алиу дури и го опиша на политичкиот профил на Груби.

„Ако го анализирате политичкиот профил на Артан Груби, тоа е хибриден профил помеѓу нарцизмот и макијавелизмот. Зошто велам дека тоа е хибриден профил помеѓу макијавелизмот и нарцизмот? Во овој политички профил има неколку карактеристики, кои ги дефинирав во хибридна форма. Сака многу внимание, има огромна желба да биде моќен, да рефлектира моќ. Од друга страна е личност која има минимална емпатија кон другите. Манипулативен профил кој прави се’ за да ги постигне своите цели“, рече Алиу.

Тој додаде дека Груби е личност која прави поделби е е манипулатор. Алиу дури оди понатаму и вели дека поради ваквиот комплексен профил на Груби дошло и до „поделба во ДУИ“, додавајќи дека прашањето на техничкиот премиер било „да се фотографира и да снима видеа Артан Груби“.

„Да не зборуваме за нивниот лидер – Али Ахмети. Од многу искусен политичар, тој стана фолк пејач правејќи видеа и споделувајќи ги на социјалните мрежи. Лично го познавам и Талат Џафери. За жал, тој го руши профилот на техничкиот премиер“, рече Алиу.