Азискa Лига на шампионите: Два гола на Кристијано Роналдо за победа на Ал Наср

Фудбалерите на саудиски Ал Наср остварија нова победа во азиската Лига на шампиони, совладувајќи го катарскиот Ал Духаил со 4:3 на домашен терен во третото коло од групата Е.

Главна улога во домашната победа беше неуништливиот Португалец Кристијано Роналдо, кој постигна два погодока. Посебно убав беше првиот во 61. минута, кога со левата нога од 20 метри зголеми на 3:0 и ја погоди самиот спротивен агол.

Инаку, Ал Наср водеше со 3:0, но потоа до крајот стравуваше за победата. Гостите во 85. минута со голот на Олунга намалија на 3:4, но сепак не успеаја да дојдат до бод. Покрај двата гола на Кристијано Роналдо, Талиска и Сенегалецот Садио Мане додадоа по еден за Ал Наср.

На табелата Ал Наср има максимални девет бодови, додека ирански Персеполис е на второто место со шест бодови.